Компанијата „Скопски легури“ и АПРЗ успешно спроведоа експерименти во 3 региони во Македонија

          За проучување и утврдување на позитивниот ефект на подобрувач на почвата Тераграмин, нашата компанија заедно со Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) во периодот 2016 – 2017 година успешно спроведе експерименти во 3 региони во Македонија на 5 различни земјоделски култури. Резултатите ги изненадија дури и најискусните агрономи – на пример, во кочанско ние постигнавме зголемување на принос на ориз до 100% или 1000 кг на хектар. Во 90-тите за ваков принос на земјоделец во Кочанско  му била доделена награда. Сакам да истакнам дека соработката со АПРЗ беше на врвно професионално ниво и особено би се заблагодарил на г. Сирета и локалните агрономи во општините, во кои беа спроведени опитите, вели Корнијенко.

          Тој истакна дека компанијата ќе продолжи со проширување на искористување на Гранулатот и Тераграминот во градежната индустрија и земјоделството, а исто така ќе го споделуваат искуство за зачувување на околината и заштита на животната средина,  непосредно со изнаоѓање на примена на нус производи и со други заинтересирани компании.

          Еден одговор на Компанијата „Скопски легури“ и АПРЗ успешно спроведоа експерименти во 3 региони во Македонија

          1. Овој подобрувач е целосно Македонски производ кој ги подобрува водно воздушните и топлотните карактеристики на почвата и со својата порозна структура која му овозможува голема активна површина на делување од 480 м2/кг го сврстува во најдобрите подобрувачи на почва на Македонскиот пазар. Истиот се однесува како регулатор на PH вредност на почвата бидејќи се добиени следниве резултати и тоа: почва со PH 8,2 со третирање со Тераграмин се доби стабилна PH од 6,8-7,2 (неутрална), исто почва со PH 5,2 по третман со Терграмин -гранулат се стабилизира поќвата на PH 6.8 -7,2. Поради вештачки произведен минерален подобрувач се однесува и како јонски изменувач кој е добар и за прочистување на почвата од тешките метали т.с ги абсорбира и ги задржува во инертна состојба за да не пречат на развојот на растенијата. Од топлотниот режим на повата овој подобрувач го скратува времето на ртење за 50 %, го зголемува степенот на ртливост.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна