Соработка на советодавните служби помепѓу Македонија и Хрватска

          Ситните сточари од битолскиот регион ќе применуваат хрватски методолoгии за производство на посебни видови сирења, за да остварат доплнителни приходи. За таа цел советодавци од Советодавната служба на Република Хрватска ќе го пренесат своето искуство на советодавците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието во Македонија, кои потоа ќе едуцираат нашите земјодлеци.

          – За почеток го вклучуваме Регионален центар-Битола, а најмалку десетина дена во Македонија ќе бидат присутни мајстори за производство и преработка на сирења од Хрватска, кои ќе ги обучуваат нашите советодавци, кои подоцна ќе ги обучуваат нашите земјодлески производители. Тоа значи дека ќе има обуки за посебни видови сирења кои што се произведуваат во Хрватска, а го вклучуваме и Факултетот за битехнички науки во Битола, кои ги нуди сопствените капацитети за да можеме овие обуки квалитетно да ги спроведиме. Познато е дека во Македонија не постојат мали производители и преработувачи на млеко. Токму затоа за да имаме поголема додадена вредност во производите во примарното земјоделско производств,о се оди во насока на нивна обука, како да ги произведуваат овие сирења, со оглед на тоа што колегите во Хрватска имаат одлични искуства, изјави Зоран Бардаковски од АПРЗ.

          Оваа соработка е дел од обврските на Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, а договорот за соработка меѓу двете јавни институции е склучен минатата година.

          -Со колегите од Македонија имаме размена на искуства и методологии за работа, а овие денови ќе имаме конкретна соработка за трансфер на нашите знаења. Посебно е интересно тоа што ќе ги обучуваме ситните земјодлеци за преработка на млеко, со што тие ќе произведуваат нови производи и на тој начин ќе остваруваат дополнителна заработувачка, рече Здравко Тушек, од Советодавната служба од Хрватска

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна