Агрохемиска анализа на почва

          Зошто се зема почвена проба за агрохемиска анализа?

          Агрохемиската анлиза е важна алатка за одредување на потребите на различните култури во поглед на хранливите материи. Редовно земање на почвени проби и нивно испитување во лабораторија може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува. Точноста на резултатите од агрохемиската анализа зависат од тоа колку е добра техниката на земање на почвените проби и податоците и белешките за секоја земена проба. Користа од агрохемиска анализа е повеќестрана- правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, подобрување на квалитетот на производите. Навремено ѓубрење со точно одредени количини вештачки ѓубрива го намалува загадувањето на почвата и подпочвените води со неискористените ѓубрива кои се употребуваат на земјоделските површини.

          Кога се зема почвена проба за агрохемиска анализа?

          Зависно од културата и целта почвените проби се земаат во пролет или есен. Најдобар период за земање е на три месеци пред сеидбата или садењето. Доколку условите тоа не го дозволуваат може и на неколку недели пред садењето.

          Прегледајте го целесниот текст во пдф на следниот линк.

          👉  Агрохемиска анализа на почва.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна