Аронија

          Аронијата е листопадна грмушка, расти во височина од околу 2-3 метри и 2.5 метри ширина. Лисјата се овални, назабени околу ивицата, во вегетацијата се темно зелени. Аронијата е растение кое се повеќе се шири, успева во многу различни климатски подрачја. Успева на места со повисока влажност на почвата, и на почви со висока потпочвена вода, но може да успева  и на каменести површини со малку земја. При подигнување на насади треба да се избегнуват екстремно суви песокливи и збиени многу влажни почви.

          Стеблото и цветот се доста отпорни на мраз, а по сериозно оштетување од мраз може да се случи при температура од -23 во почетокот на зимата или -30 во средина на зимата. Поединечните цветови се со бела боја и собрани во гроздови. Гроздовите најчесто се состојат од 10-15, а на врвовите на ластарите и до 30 цветови. Цветањето трае околу 10 дена, а секој цвет поединечно цвета само 5 дена.

          Воглавно цветовите ги опрашуваат пчелите, а можно е и опрашување со ветер, но аронијата е самооплодна растение.

          Плодовите се ситни округли со љубичасто црвена до црна боја, тежината на една бобинка изнесува од 1,0 до 1,5 гр.  Месото на плодот има интезивно црвена боја со слатко киселкаста арома која потсетува на боровинка. Аронијата особено се одликува со висок содржина на антоцијан, природен извор на боја, многу пожелна во прехрамбената индустрија и содржи висока количина на витамини. Се смета за лековито овошје.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна