БОРАНИЈА – (Phaseolus vulgaris)

          Боранијата (Phaseolus vulgaris) спаѓа во групата на мешункасти зеленчуци.Потекнува од Мексико,а во Европа е донесена во 16 век и за исхрана се препорачува поради своите биолошки и лековити состојки. Денес таа се користи за исхрана скоро во сите земји во светот. Боранијата е едногодишно растение,има добро развиен вртенаст корен,стеблото и е зелесто и различно разгрането. Плодот е мешунка со различен облик и големина,или овална,плосната,прави и повиени, а по боја ги има повеке сорти и тоа зелени,жолти и шарени. Во нашите климатски услови Боранијата најдобро успева како рана пролетна култура, кога има поволни услови за одгледување, а се одгледува  и под пластеници за порано и побрзо производство. Може да се одгледува и во планински региони над 700 метри надморска височина ,или како есенска односно втора култура во ниските места. Таа е топлољубива култура не поднесува ниски температури ,така што страда и од најслаба слана,измрзнува веке на -10C. Семето рти и никне на температура над 100C,затоа сеењето не треба да се врши се додека почвата не се добро затопли. Оптимални услови за растење на растението се 20-250C а никне за 5-6 дена после сеењето.

          Летните високи температури над 300C,но и ако воздухот е сув многу штетно делува на растението му смета на оплодувањето на цветовите и заметнувањето на мешунката…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна