Голема заинтересираност на преспанските фармери за ИПАРД програмата

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во соработка со Федерацијата на фармери на Република Македонија, на 12.11.2014 во 18 часот во Големата сала на Општина Ресен организираа средба со потенцијални корисници на ИПАРД програмата од новиот јавен повик 02/2014.

          На информативната средба присуствуваа 60-тина земјоделци од преспанскиот регион и имаа можност да продискутираат со претставниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  претставниците од ФФРМ.

          Од страна на земјоделците беше истакнато задоволството од можностите кои ги нуди ИПАРД програмата за овоштарството, како и од залагањето на институциите во насока на што поголемо приближување на програмата кон земјоделците и подготвување на  квалитетни проекти, со кои би се зголемила искористеноста на средствата. На средбата присутните земјоделци потенцираа дека најголем проблем при планирање и реализацијата на инвестициите со кофинансирање од ИПАРД програмата е недостатокот на паричните средства, до кои е тешко да се дојде поради рестриктивните критериуми на банките.

          Инаку, во периодот 27.10.-12.11.2014 година, во Преспанскиот регион интерес за ИПАРД огласот 02/2014 пројавиле 45 физички и правни лица, кои во најголем дел се заинтересирани за обнова на механизација. Треба да се напомени фактот, дека за прв пат се појавуваат активности кои опфаќаат реконструкција на стари овошни насади со нови, а има интерес и за мерката 302 кој овозможува диверзификација и развој на рурални економски активности.

          ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? Prezentacija IPARD resen1 ???????????????????????????????

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна