Градење на капацитети на советодавните служби од Западен Балкан за поддршка на ИПАРД

          Во организација на SWG RRD и Area Science Park во периодот од 16 до 20 септември во Белград, Србија се одржа работилница за ,,Градење на капацитети на советодавните служби од западен балкан за поддршка на ИПАРД програмата.

          Во рамките на Програмата KEP според која беше организирана работилницата, има за цел да го подобри и зголеми учеството во ИПАРД повиците и апсорпцијата на фондовите во земјите од Западен Балкан: Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и Македонија. Програмата за градење на капацитети е наменета пред се да ги зголеми знаењата, вештините и услугите на советодавните служби. Програмските активности исто така опфаќаат соработка  помеѓу институциите кои управуваат и финансираат по ИПАРД програмата тоа се Министерствата за земјоделство, Платежните агенции и Националните мрежи за рурален развој. Со програмата се опфатени директните односи со потенцијалните апликанти, подигање на јавната свест и информации за реалните можности што се достапни преку ИПАРД за потенцијални апликанти.

          На регионалната работилница учество зедоа националните институции задолжени за спроведување на ИПАРД програмата: советодавните служби, телото за менаџирање од  Министерството за земјоделство, Платежната Агенција и национална рурална мрежа. Работилницата овозможи размена на добри практики и искуства при спроведување на ИПАРД во земјите од Западен Балкан.

          Во текот на првата сесија по отварањето на работилницата од страна на претставникот од SWG RRD – Богданка Левеска Ѓоршоска, свои излагања имаа координаторот на проектот Лука Меркатели од Area Science Park и Зиго Рутковски од EU – DG Agri- Unit E5. Во текот на сесијата од страна на националните учесници беа презентирани програмите за работа на ИПАРД во Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и Македонија.

          Исто така бе истакнати финансираните приоритети, број  на објавени повици (отворени и претстојни) успешни приказни во процесот на аплицирање, важни делови од управувањето со процесот и финансиски прашања.

          Втората сесија ја водеше експертот за спроведување на ИПАРД програмите Жељка Гудељ Велага од Хрватска. Таа пред присутните имаше презентација за структурите на системот, учеството на советодавните служби, анализи од објавените јавни провици и улогата на национална рурална мрежа.

          Во текот на сесијата имаше работа во две групи кои имаа за задача да ја подготват целокупната документација за објавување на еден јавен повик по ИПАРД, по што следуваше презентација од страна на групите.

          Како презентер на третата сесија се јави Бојана Маркотич Крстинич од  националната рурална мрежа на Хрватска. Сесијата беше искористена за размена на искуства и презентација на LEADER мерката наменета за користење на финансиски средства од страна на регистрираните Локални акциони групи – ЛАГ.

          На настанот имаше учество на 4 (четири) претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, кои што имаа можност да се запознаат со целите од програмата за подигање на капацитетите и плановите за наредниот програмски период од ИПАРД.

          На крајот може да се истакне дека овој настан беше добра можност за подобрување и зајакнување на капацитетите на институциите кои учествуваат при спроведување на ИПАРД програмата во земјите од Западен Балкан.

          Ова посебно се однесува за подобрување на позицијата на советодавните служби кои се главна институција која има за задача да ги подготвува барањата од земјоделските стопанства за добивање на финсиска поддршка од ИПАРД.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна