Дневни потреби од вода кај молзни крави
Водата е неопходна за да се одвиваат физиолошките функции на организмот. Недостатокот од вода ги загрозува производството на млеко, прирастот, а влијае и на целокупната здравствената состојба кај животните. За успешно производство на млеко неопходно е на кравите да им се обезбеди доволна количина на квалитетна вода. Кај кравите во лактација потребите од вода се многу големи.
Тие зависат од телесната маса, возраста и физиолошката состојба на единката, потоа од висината на млекопродукцијата, како и од амбиенталните услови во фармата.
Во организмот на кравите водата се користи за:
- обезбедување на нормален метаболизам во бурагот,
- проток на храната низ дигестивниот тракт,
- варење и апсорпција на хранливите материи,
- одржување на нормална густина во крвта,
- задоволување на потребите на клеточната течност.
За секој литар произведено млеко на кравата и се потребни 4.5 до 5 литри вода. Кон оваа пресметка треба да се вклучи и водата која е застапена во храната. Ако конзумирањето на вода отстапува за 15 – 20 % треба да се третира коко проблем. Со зголемувањето на температурите и потребите за вода се зголемуваат.
Прегледајте го целесниот текст во пдф на следниот линк.