Државните институции отворени за земјоделците

          На отворени средби и трибини кои ги организира Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој земјоделците може да ги кажат проблемите со кои се соочуваат директно на директорите и раководителите на овие институции, како и да дадат свои предлози и идеи.  Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството вели дека на отворените денови со земјоделците најголемиот дел од прашањата биле поврзани со неисплатените субвенции.

          „Главни проблеми со кои се соочивме беа прашањата околу неисплатени субвенции, потоа имавме прашања околу Националната програма, програмата за млад земјоделец и ИПАРД програмата, односно што значи одобрувањето, со колкав процент ќе им се вратат средствата. Исто така поставуваа и прашања околу слободното државно земјиште“ – изјави Игор Златков, директор на АПРЗ

          Првиот циклус на отворени денови со земјоделците се спроведе во јули и август годинава каде беа опфатени 102 села од кои 10 на територијата на општина Битола и преспанскиот регион. Поради големиот интерес на земјоделците за учество на вакви средби, Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделците организира и втор циклус отворени денови со земјоделците кој започна од средината на месец септември и ќе трае до крај на октомври.

          „Се случи да покрај селата во кои бевме, имаше голем интерес и кај останатите земјоделци од другите села така да организираме дополнителни трибини во нивните краишта со цел подобро запознавање со програмите, проектите на Влада на РМ, но и решавање на нивни проблеми и сослушување на идеи и препораки“ – пренесе Златков

          Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Игор Златков вели дека сето она што не можат да им го одговорат на земјоделците, како што се нивните предлози, проекти и идеи ќе го пренесат до Владата на РМ и Министерството за земјоделие со цел да бидат разгледани или спроведени преку програмата за рурален развој.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна