Заразна кривотница кај овци и кози

          Причинител и симптоми
          Заразната кривотница кај овците и козите е пренослива болест на чапунките која се манифестира со трулење (некроза) на ткивото меѓу чапунките. Болеста е хронична, а се јавува 5-10 дена после инфекцијата. Болеста нанесува големи штети на одгледувачите преку намалувањето на производството на волна, месо и млеко, како и зголемени трошоци за лекување на грлата, а може да дојде и до угинување на овците, доколку се занемарува болеста.
          Причинител на болеста е анаеробната бактерија Bacteroides nodosus, а останатите микроорганизми кои ќе се најдат во жариштето предизвикуваат секундарни инфекции. Извори на заразата се болни овци и кози кои не покажуваат клинички симптоми на болеста, но причинителите ги носат на нозете, потоа заразени патишта, подови од шталите, трла и пасишта. Болеста најчесто се појавува на влажни подлоги.
          Причинителите на болеста влегуваат во организмот на овцата и козата преку повредите на кожата меѓу чапунките. При постојано престојување на животните на влажен под во шталите, на свежо ѓубре или осока, или при движење на влажни терени, се омекнува рожнатиот дел меѓу чапунките, па од триењето на папците се создаваат ранички преку кои навлегуваат причинителите на болеста. Развојот на болеста е поголем во дождовните периоди и на влажен терен.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна