Инфо ден во Демир Хисар за LEADER пристапот

  • Инфо ден во Демир Хисар за LEADER пристапот
  • Инфо ден во Демир Хисар за LEADER пристапот
  • Инфо ден во Демир Хисар за LEADER пристапот
  • Инфо ден во Демир Хисар за LEADER пристапот

Според планот за одржување на инфо денови по дисперзираните канцеларии на АПРЗ на ден 25.10.2012 во Општина Демир Хисар беше одржана презентација за новиот европски пристап за развој на руралните средини – LEADER.

На средбата беше презентиран почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион“ кој има за цел приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми во Европската Унија и унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор во деветте пелагониски општини преку воведување на LEADER пристапот.

LEADER пристапот се темели на принципите за мулти-секторско партнерство (вмрежување) од повеќе клучни субјекти: од локалното насление, јавен и приватен сектор, бизнис заедницата, индстрија за храна, граѓанскиот сектор, локални политичари и др. при тоа користејќи го пристапот ,,одолу-нагоре,, (bottom-up). Презентацијата ja организираа вработените во РЕ Демир Хисар во соработка со претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна