Наводнување ,,капка по капка,,

          Потребата за примена на современи системи за наводнување се зголемува не само заради пазарниот императив, туку и како мерка против климатските промени. Современите системи за наводнување нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот и гарантираат константен квалитет.

          Системот за наводнување „капка по капка“ е најнапредна технологија во наводнувањето, најрационално ги искористува расположливите количини на вода и придонесува во зголемување на приносите.

          Наводнувањето „капка по капка“ претставува рамномерно и споро наводнување на растенијата. Штеди време и пари, лесно се поставува и на секое растение му ја дава потребната количина на вода.

          Наводнувањето „капка по капка“ има многу предности во однос на другите начини на наводнување, и тоа:

          • Водата оди таму каде е потребна, што е една од најголемите предности на овој вид на наводнување. Траките (цревата) се поставуваат непосредно покрај растенијата, така што се наводнува само зоната на кореновиот систем. Водата оди директно на коренот на растението.
          • Заштеда на вода. Ефикасно се искористува водата со тоа што се наводнува само зоната на коренот и не се заливаат делови на кои нема растенија, се намалува количината на вода за залевање.
          • Лесно се инсталира. Системот „капка по капка“ е релативно ефтин систем за залевање и лесно се поставува.
          • Рамномерно и прецизно залевање. Нема стрес за растенијата заради наглата промена на режимот на влагата.
          • Се намалува појавата на плевели. Заради наводнување исклучиво во зоната на кореновиот систем, намалена е појавата на плевели, бидејќи нема непотребно влажнење на околната површина.
          • Широка примена. Може да се користи на различни кофигурации на теренот и на различни типови на почви. На траките се наоѓаат капалки кои пропуштаат различна количина на вода (од 2-12 литри по метар). Врз основа на карактеристиките на теренот, водата и потребите на растенијата за вода, се одредува правилен режим на наводнување врз основа на кој се врши избор на траките (црева) за наводнување.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна