Начини на одгледување на јагнињата во Р. Македонија

          Додека  во сите други сточарски гранки (говедарство, свињарство, живинарство) системот на стопанисување  се  базира на модерни технологии, во овчарството не сме  отишле подалеку од традиционалниот начин на организација на трудот и производството, поради што изостануваат задоволителни производни и финансиски резултати и истото го прават  неактивна стопанска гранка.

          Современата наука и пракса располагаат со рационални решенија за ефикасна реконструкција на технологијата  во овчарството. Реконструкцијата се состои од повеќе зафати, aќе се задржиме на само една од поважните во пракса лесно  применливи.

          Имено, ќе се задржиме на раното одлачување на јагнињата и начинот како се  прави тоа. Основната цел  на раното одлачување  на јагнињата е да се зголеми  количината на намолзеното млеко по овца во текот на една лактација, зголемување на вкупниот приход и подобрување на рентабилноста во работењето.

          Од досегашните  истражувања, познато е дека лактацијата трае  5-8 месеци и зависи од повеќе фактори. Најголема количина на млеко се добива во почетокот на лактацијата (1-2 месец ). Максимумосе постигнува на 30 дена од лактацијата . После тоа слабо опаѓа до петиот месец.

          До петиот месец од лактацијата пресушуваат 8% од вкупниот број на молзни овци, кои биле во почетокот на лактацијата. Во шестиот месец  млечноста опаѓа за 6-8% во однос на петтиот месец.  После петтиот месец  во лактација остануваат само нај млечните грла, а после седмиот месец само рекордерките од популацијата.

          Во практиката се случува највисоката млечност да се јави во зимските месеци или рана пролет кога овците не се млекуваат и на тој начин се губат големи количини на млеко. За да се избегне  оваа појава неминовно се налага воведување на посовремена технологија на одгледувањето на јагнињата и искористување на млекото.

          За наши услови  во Македонија се предлагаат два начини на одлачување на јагнињата од мајките : одлачување  на 25-30 дена старост  и исхрана со концентратни смески, кога овците се млекуваат и .македонски начин на одлачување на 30-80 дена старост со одземање на млекото.

          Одлачување  на 25-30 дена старост

          Овај начин  се применува кога сакаме да воведеме технологија на континурано производство на јагне (во две години три пати јагнење на овците) и претежно кога јагнињата се наменети за продажба за месо. После одлачувањето јагнињата се гојат  со концентрат до тежина од 25-35 кгр.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна