Одгледување на корнишони во заштитен простор

          Корнишоните кај нас најчесто се одгледува во заштитен простор, но понекаде зависно од климатските услови се среќаваат и на отворено.

          Многу се осетливи на температурните разлики како во однос на приносот така и во однос на квалитетот на самиот плод. Плодот се користи како во свежа сосотојба така и за киселење или преработка.

          Корнишоните се странооплодни растенија, но плодот може да биде формиран и без оплодување (партенокарпни сорти и хибриди). Веќе подолго време се употребуваат партенокарпни хибриди за одледување, со потполно женски цветови, кои се оплодуваат без опрашување од пчели или други сорти на опрашувачи. При одгледувањето, препорачливо е да има просторна изолација од околу 50-100 м. бидејќи може да дојде до опрашување од страна, кое покасно се одразува на поголем  % на деформирани плодови.  Предностите на таквите хибриди се: многу повисоки приноси,  порана берба од 7 – 15 денови, сигурност во приносот, поголемо растојание помеѓу периодот на поединечни берби  пропратени со повисока продуктивност, – поголема прегледност над растенијата поради помалата лисна површина.

          Корнишоните за нивно успешно одгледување бараат топла, водопропустлива и плодна почва богата со хумус.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна