Одгледување на Лаванда

          Лавандата е ароматично и лековито диворастечко растение. Ова растение, може да се одгледува на нашите полиња бидејќи нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара влажна и кисела почва.
          Како топлољубиво растение има големи потреби од топлина, а особено светлина. Посебна важност за квалитетот на етеричното масло има надморската висина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 700 метри. Треба да се сади на јужна, незасенета експозиција, која не е изложена на ветрови.
          Растe како низок џбун со висина од 50-80 см. Стеблата се многубројни, влакнести и четвороаголни. Листовите се линеарно–шилести, без лисни дршки и расеано распоредени. Цветовите се ситни и собрани во класја и со многу убава љубачаста боја, со што лавандата се одгледува и како украснo растение. Цветовите, како и целото растение е со многу пријатна миризба. Заради долготрајниот и единствен мирис лавандата денес во домаќинството е една од најмногу употребуваните ароматични растенија.
          За коренот подобро да се развива, треба да се обрне внимание на почвата. Таа треба да се изора наесен, на длабочина не помала од 40 см. Ако се сади во есен, почвата се подготвува за садење веднаш по орањето. Ако се сади во пролет, по есенското орање се применува пролетна обработка (плитко орање и браносување) за да се добие што поровкава почва.
          Бидејќи е повеќегодишно растение, на ѓубрењето треба да се посвети поголемо внимание. При основното ѓубрење потребно е да се обезбеди 30-40 кг/ха азот, 60-80 кг/ха фосфор и 90-100 кг/ха калиум. Прихраната со 50-60 кг/ха азот по садењето го подобрува братењето. Во следните години насадо треба редовно да се ѓубри со 20-30 кг/ха азот, 50-60 кг/ха фосфор и 70-80 кг/ха калиум
          Лавандата може да се размножува вегетативно со делење на старите бусени и со резници, како и генеративно со директно сеење на семето и преку расад. Во практиката лавандата задолжително се размножува со ожилени резници. Резниците се произведуваат така што од постојниот насад се отсекуваат делови од гранките кои се постари, со должина од 15 до 20 см. Пикирањето се изведува во отворени бразди длабоки од 5 до 10 см, на растојание од 10 до 15 см, помеѓу редовите и помеѓу растенијата. Резниците се ставаат на едната страна од браздата и потоа се покриваат со почва. Резниците редовно се плеват и се полеваат до есен, кога се расадуваат.

           

          2 Одговори на Одгледување на Лаванда

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна