Одгледување на шафран

          Шафранот (Crocus sativus) е медитеранско растение. Сака жешки и сушни лета, но преживува и ладни зими. Толерира мраз и краткотраен снежен покривач. Шафранот добро реагира на обилни пролетни дождови и сушни лета. Наводнувањето непосредно пред цветањето го зголемува приносот на цветовите. Врнежите и ладното време, за време на цветањето доведуваат до болести и го намалуваат приносот.

          Тој е скапо зачинско растение, така што одгледувањето може да биде погоден начин  и да се заработаат пари. Шафранот е најскап зачин на светот. Минималната цена на шафранот изнесува 700 долари за 1 кг, а максималната може да достигне и до 1100 долари за 1 кг. Тоа што го прави скап, е работата која се вложува во бербата, краткорочноста на расположливото време да се изврши бербата, одбирање на вистинскиот момент за берба и големата количина на цветови за да се добие 1 кг шафран (150 000 – 200 000 цветоци за 1 кг шафран на површина од 0,1 ха). Тоа што се продава од растението е сушен толчник, или правот добиен од прашникот. Секој цвет има толчник и три прашници. Потребни се околу 150 цветови за 1 грам.

          Зa одгледување потребно да се избере идеална површина за одгледување на шафранот. Потребно е целодневно многу сонце и многу малку сенка. Луковиците се садат во лето помеѓу јули и август. Традиционално шафранот се сади во леи заради добра дренажа. На овај начин се постигнува контрола над условите за развој на коренот и осугурува витален период на мирување. Во современата Европска комерцијална пракса, шафранот се сади во џепови во земјиштето кои се наклонети кон сонцето. Основа е, луковиците да се посадат на сончево место и на добро дренирана површина. Почвата треба да биде плодна, добро дренирана и да е промешана со песок, со висока содржина на органски материи. Порано, се користело арско ѓубре пред садење, околу 20-30 тони по хектар. Денес, се применува прихранување со калиум на крајот на летото, заради поуспешно цветање.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна