Одгледување на јагода

          (Една од порентабилните и поисплатливи култури за одгледување)

          Јагодата е култура која најдобро успева и плодоноси на умерено длабоки, структурни, плодни и песокливо пропусливи почви, кои содржат што повеќе органски материи, а киселоста на почвата треба да изнесува од 6.0 – 6,5 pH. Таа бара површини кои се изложени на сонце и имаат добро проветрување за да се избегнат габните заболувања. Во однос на еколошките услови, кај нас ниските зимски температури во текот на зимата многу ретко нанесуват штети на јагодата, бидејки во овој период можно е да има и снежна покривка која ги штити растенијата. Јагодата е култура која издржува температура од околу -15 степени. Кај нас, во наши услови многу почесто штети прават доцните пролетни мразеви, кога јагодата веќе цвета или има  заврзани плодови, а температурата падне испод -1.5 до -1.7 C0. Но сепак, ова во голема мера зависи и од сортата.

          Садење на јагодата

          Јагодата е култура која брзо и лесно се размножува. Се сади скоро цела година, но во зависност од тоа кога ќе имаме добар, квалитетен и  здрав саден материјал. Најпогоден период за садење е од втората половина на јули, па се до крајот на ноември, но уште подобро е ако садењето се изврши во текот на  месец август и првата половина на септември. Растојанието во редот и меѓу редовите зависи од бујноста на сортата и начинот на кој се одгледува. Припремата на површината се врши на длабочина од 30-40 см.бидејки јагодата има плиток коренов систем…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна