Одредување време на берба на винско грозје

          Пред да се започне со берба на винското грозје, од исклучитено значење е да се одреди вистинскиот момент на почетокот на бербата. За да се утврди степенот на зрелоста на грозјето, односно моментот на бербата, потребно е да се одреди процентот на шеќерот и вкупните киселини во грозјето. Бербата на грозјето може да започне  во моментот кога ќе се створат оптимални услови, односно  кога ќе се постигне идеален сооднос помеѓу шеќерот и вкупните киселини.

          За утврдување  зрелост на грозјето се користат следните методи:

          Органолептичка метода, која базира на емпириски показатели, што ги користат лозарите низ долгогодишното искуство и истите  отценувањето на  зрелоста го вршат врз основа на надворешниот изглед на лисјето и гроздовите. Специфичните симптоми на лисјето се манифестираат со промена на бојата во жолта и црвена и крајно сушење на  истите. Карактеристични симптоми за зрелост на гроздовите  се добивање типична боја за сортата, изразен восочен прав на покожицата од зрната и  омекнување и лесно откинување на истите од петелките. Исто така, зрната по вкус се слатки и при нивно гмечење доаѓа до лепење на прстите. Но, сите наведени знаци од органолептичката  метода се ориентациони и несигурни и лесно може да не залажат.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна