Одржана работилница за полесно искористување на ИПАРД средствата

          На 30 јануари 2020 година во салата за состаноци во Хотел Епинал, Битола беше одржана работилница на тема: Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020.

          Оваа работилница ја организираше телото за управување со ИПАРД како дел од кампањата за публицитет на ИПАРД програмата.

          Од страна на телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на работилницата беа презентирани модификациите и измените за мерка 1 Инвестиции во матријални средства на земјоделски стопанства. 

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги презентираше изменетите критериуми/обврски по однос на прифатливите инвестиции и баратели за мерката. Исто така од Секторот за одобрување на проекти и секторот за исплата на проекти од АФПЗРР беше презентирано  и отворена дискусија по однос на искуството од примена на изменетите процедури, согласно измените од програмски и законски аспект а во врска комплетност/соодветност на барањата, како и најзначајните аспекти/потешкотии при спроведувањето на јавните повици вклучително и авторизација на исплати.

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како главен линк помеѓу чинителите во земјоделскиот сектор ги истакна проблемите при спроведувањето и реализацијата на оваа мерка и побара активно вклучување како институција при креирањето на мерките во понатамошниот период.

          По однос на типовите на инвестиции по приоритетен сектор “преработка и маркетинг на земјоделски производи на ниво на земјоделско стопанство”, критериуми/стандарди од програмски аспект како и по однос на  законските обврски на барателите/корисниците, беа презнтирани и дискутирани правилниците за продажба од праг од преставник на Агенцијата за Храна и Ветеринарство  со цел нивна полесна регистрација во АХВ.

          Од Секторот за управување на земјоделско земјиште во државна сопственост при МЗШВ беше презентирана и дискутирана постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште.

          Со оваа работилница беа одговорени низа на прашања кои се од интерес на барателите, како и постапките од другите институции заради олеснување на подготовка на апликативните пакети по ИПАРД мерка 1 и максимално искористување на средствата од оваа мерка.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна