Одржана работна средба во ДСУ „Гоце Делчев“ во Валандово

          На 29.11.2013 година во просториите на ДСУ „Гоце Делчев“ во Валандово, претставници Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како парнер во Израелско – македонскиот проект за семе и саден материјал, присуствуваа на заедничка средба со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Здружението на земјоделски училишта со земјоделски паралелки и од проектот, на тема „Воспоставување на модел демо фарми и нивно вклучување во земјоделските активности во средните земјоделски училишта“.

          На средбата се презентираа досегашните активности и постигнувања на проектот и се дискутираше за наредите чекори. Притоа се нагласи намената на модел стаклениците кои се дизајнирани да послужат како место за демонстрација и обука на земјоделци и студенти, каде советниците од АПРЗ , како и наставниот и научниот кадар од високо-образовните институции и институтите во Република Македонија ќе ги едуцираат земјоделците и студентите.

          Инаку, Израелско – Македонскиот Проект поддржува проект со кој ќе се развие добрата земјоделска практика – збир на стандарди, упатства и „know how“ практики за подобра промена на додадената вредност, што обезбедува сигурен и висок квалитет на семе и саден материјал за производство на зеленчук.  

          Тоа ќе обезбеди „know how“ адаптација и имплементација во насока на зголемување на продажбата на македонските земјоделски производи кои се извезуваат и зголемување на профитот на македонските земјоделци.

          Главната цел на овој проект е да се подобри конкурентноста на локалните одгледувачи на зеленчук на домашните или извозните пазари, како и други земјоделски производи, преку промоција на квалитетот и безбедноста на производството на фарма и поврзани производствени процеси, со воспоставување на вредосен синџир од семе до фаза на маркетинг.

          Притоа ќе се применат најефикасните начини со кои владата и АПРЗ можат да ги поддржат земјоделците, со цел да ги учат на „know how“ во современото земјоделството и тоа со:

          • Надградба и воспоставување на расадници, а во иднина дури и микро лаборатории за пропагација со самоодржлив статус и градење на капацитети со што ќе се обезбеди основа за одржливо растително производство.
          • Претставување на ефективни системи за мали земјоделски стопанства.
          • Поттикнување на локалните инвеститори со презентирање на добри пропагациони практики, совети и градење на капацитети.

           


          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна