Одржана средба помеѓу АПРЗ и земјоделците од општина Маврово и Ростуше

          На 02.12.2013 во село Ростуше, во просториите на општинската сала, со почеток во 12 часот во присусутво на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше г-дин Мукрем Мехмеди, советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, работна единица Гостивар, одржаа средба со земјоделските производители од оваа општина, на која беше извршена презентација на тема „Едукација на земјоделците за правилно користење на пестициди и вештачки ѓубрива и едукативна кампања за правилна употреба на лични заштитни средства“.

          На презентацијата присуствуваа 24 земјоделци, а исто така беше присутен и претставник од Институтот за јавно здравје д-р Берун Мустафа, како поддршка на советниците од АПРЗ, со оглед на специфичноста на темата која беше презентирана.

          На средбата, после одржаните презентации од страна на советниците од АПРЗ и презентацијата од д-р Берун Мустафа, присутните земјоделци имаа можност да поставуваат прашања и да се дискутира за аткуелности и проблематики од оваа област.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна