Пламеница на компирот

          Пламеницата спаѓа во редод на најраспростанета и најштетна болест на компирот. Често се јавува во големи размери, кога предизвикува најголеми штети, намалувајќи го приносот и влошувајќи го квалитетот. При поволни услови за појава и развој на пламеницата штетите се големи, често и целосни. Губитоците зависат од временските услови, осетливоста на сортата, временската појава и интензитетот на напад на болеста како и од применетите агротехнички мерки(саден материјал, плодоред, хемиските мерки на сузбивање и др.) Температурата од 15-250С, со чести дождови и долготрајна роса, му годат на развојот на оваа болест.
          Првите симптоми на пламеницата се јавуваат на лисјата во време на затварање на редовите на компирот, крајот на мај и почетокот на јуни. Симптомите во почетокот се во облик на воденести дамки со темнозелена боја. Бојата на дамките преоѓа во жолта, а после тоа ткивото во дамката се суши односно некротира. Во колку продолжат поволните услови за развој на болеста, некрозата на лисното ткиво се зголемува додека не ја зафати целата лисна маса. На свежите дамки на опачината на листот се формира беличеста навлака од репродуктивните органи на паразитот. На стеблото се јавуваат темни дамки кои меѓу себе се спојуваат така што целото стебло ќе биде зафатено од болеста. Болеста може да се прошири и да ги зафати клубените, на кои настануваат крупни дамки, со темна боја и неправилен облик. Уште поизразени симптоми на пламеницата се јавуваат на внатрешните ткива на заразените клубени. Заразените клубени на попречен пресек имаат знаци на темна некроза на ткивото. Покрај намалување на пазарната вредност, заразените клубени брзо пропаѓаат во текот на чување во складиштето.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна