Подготовка на рибник за одгледување на крап
Внимателната подготовка на сите сегменти од рибникот за крап е од голема важност од производен и здравствен аспект на сосотојбата.
Подготовката почнува со одмор на рибникот во текот на зимото, а продолжува со дезинфекција и мелиорациски мерки: употреба на вар, ѓубрење со органско и минерално ѓубрива, косење, орање и чистење на милта од изловната јама и другите делови од рибникот.
Целта на овие мерки е да се создадат што подобри услови за одгледување на крапот (развој на природна храна и спречување на болести).
Подготовката на рибникот почнува со пресушување, по што рибникот се остава да се “одмори“ неколку месеци. На тој начин земјата се обновува, а патогените бактерии и паразити се уништуваат. Трската и другата вегетација која расте на рибникот се коси, а онаа долж насипот се спалува.
По одреден период на мирување, рибниците се третираат со вар во функција на дезинфекција, подобрување на квалитетот на земјиштето и стабилна хемиска реакција на водата. Со третирање на вар во рибникот се постигнуваат повеќекратни мелиорациски ефекти:
– се регулира pH на земјиштето
– се обезбедува калциум во земјата и водата
– се забрзува разградувањето и минерализацијата на органските материи, посебно целулозата
– се потпомага трансформацијата на органските состојки во раствор
– се постигнува дезифекција на рибникот
– варта ја користат и полжавите, школките и раковите