Посета на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на АПРЗ и пелагониските земјоделци

          На 16.11.2013 година Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството беше домаќин на средбата која се реализираше во организација на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство помеѓу Заменик министерот за земјоделство г-динот Зоран Коњановски и директорот на Агенцијата г-динот Игор Златков.

          На средбата, во присуство на претставници од АПРЗ, МЗШВ и претставници од локалните и националните медиуми, се разговараше за актуелни состојби во земјоделството, важноста и корисноста од формирање на земјоделски задруги, консолидацијата на земјоделското земјиште, информативната и едукативната улога на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и неопходноста од нејзино зајакнување со цел истата да биде ефикасен сервис на земјоделските производители во Република Македонија.

          Средбата продолжи со реализација на теренски посети и средби со земјоделци од oпштинa Битола(Бистрица и Кукуречани), како и општините Новаци и Могила.

          Земјоделците во Пелагонија беа информирани за Законот за формирање на земјоделски задруги и консолидација на земјоделско земјиште, како модели кои функционираат во голем број земји од ЕУ, а дават позитивни резултати во работењето на земјоделските стопанства.

          Директорот на АПРЗ Игор Златков напомена дека во овие активности ќе биде целосно вклучена АПРЗ, пришто во директен контакт со земјоделските производители ќе ги пренесува придобивките од здружувањето во земјоделски задруги со размена на добрите искуства од задругите од регионот и Европа.

          АПРЗ - Средба

          Заменик министерот Коњановски информираше за поддршките кои ќе ги овозможува Владата на Република Македонија за формирање на земјоделски задруги и тоа за основање на земјоделската задругата, за поддршка во обезбедување на плата за менаџер на земјоделската задруга за првите пет години со соодветно процентуално учество, субвенционирање за осигурување на имотот и членовите на задругата до 70%, како и до 20% од трошоците за наводнување.

          Исто така, тој ги информираше земјоделските производители за поволностите кои ќе се обезбедат за набавка на основна и приклучна земјоделска механизација која ја користат сите членови на задругата, и тоа до 90% од цената на истата ја покрива МЗШВ, односно Владата на РМ.

          Директорот на АПРЗ истакна дека иднината на земјоделството во нашата држава е во здружување и окрупнување и со тоа се воспоставува нова ера во земјоделството.

          Реализираните средби беа од интерактивен карактер, пришто земјоделците пројавија голем интерес за оваа проблематика, но истовремено поставуваа прашање и за други актуелности од земјоделското секојдневие.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна