Преставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, МЗШВ и Агенцијата за храна во месец Јануари 2013 беа во посета на Општина Могила

          Подвижната канцеларија на МЗШВ заедно со преставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за храна, ја посетија Општина Могила за информирање на земјоделците за најновите владини мерки за легализација на трактори и тракторски приколки, легализација на објекти со земјоделска намена, како и промоција на програмата за финансиска подрршка во земјоделството.

          Оваа канцеларија има за цел навремено да ги информира земјоделските производители за сите владини мерки и проекти кои се предвидени за тековната година. На огласната табла во Општина Могила беа огласени клучните чекори за постапката за легализација како и огласот за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

          Во Општина Могила оваа практика на обезбедување бесплатни совети кон земјоделските производители веќе подолго време се спроведува во дисперзираната канцеларија од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Со активирањето на оваа подвижна канцеларија се зголеми координираноста на преставниците од институциите кои се вклучени во земјоделскиот сектор.

          Подготвил:

          Советник Андреа Соколовски
          РЕ Битола

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна