Работилница за промоција на мерка 115 активен женски член во земјоделското домаќинство

          На ден 24.12.2019 во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола се одржа работилница за промоција на мерка 115 Активен женски член во земјоделското домаќинство која за прв пат се објавува во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

          На средбата имаше присутни заинтересирани земјоделски стопанства од Пелагонискиот регион кои ги претставуваат жени и се заинтересирани за да поднесат барање за финснсика поддршка по Мерка 115.

          Присутните беа запознаени со целта на мерката, критериумите, прифатливите трошоци и инвестиции и потребните документи кои жените-земјоделци треба да ги исполнат за да можат да ги користат предвидените финансиски средства во висина од 180.000 денари.

          Средбата бешe организирана од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со МЗШВ, АФПЗРР и UN Women проектот ,,Промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ,, Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна