Реализирана акција ,,Облагородување на дивата круша – горница 2013 во Општина Пробиштип“

          Во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на 18 и 19 Април 2013 година, со учество на директни извршители, поддржувачи на акцијата и гости, ќе се спроведе традиционалната акција за калемење на диворастечки растенија – „Облагородување на дива круша – горница“.

            Акцијата беше спроведена во Општина Пробиштип во атарот на селото Плешенци во местото викано Грбовец и селото Ратавици во местото викано Коритница.

          Оваа година акцијата се спроведува во, сооглед големиот број на диворастечки растенија круши – горници и големиот интерес како кај локалното население, така и кај општината Пробиштип, при што се планира да се изврши калемење на повеќе од 1700 диворастечки растенија круши – горници. Акцијата ја проследуваат советниците од АПРЗ од лозаро-овоштарската специјалност со учество на земјоделци калемари и присуство на претставници од месно население од општината Пробиштип и околните села. Со оваа акција се очекува искористување на диворастечката флора што ќе резултира со добивање на квалитетни плодови од еколошки чисто поднебје, а акцентот е токму на крушата која претставува овошје кое недостасува на домашниот пазар. Исто така со тоа се очекува да се даде поттик кај месното население за зголемување на ангажманот и разгледување на можностите за проширување на сопствениот семеен бизнис, заживување на руралните средини и селскиот туризам, практична обука на ученици за калемење и сл.

          Акцијата предвидува и следователна нега во текот на летните месеци на сите прифатени калеми што е една стручна активност за поголем успех при калемењето.

          Искористувањето на диворастечката флора (сливи, круши, цреши) и во иднина ќе даде поттик на месното население секоја година со советниците од АПРЗ оваа акција редовно да ја спроведуваат, но ќе даде и поттик за одржување на калемените растенија (да не се оштетуваат, редовно да се кројат, да не се сечат).

          Од досегашното искуство, приносите добиени од ваквите и слични калемарски акции во различни локалитети во Р. Македонија ни покажуваат дека може да се даде добра егзистенција за месното население.

          Инаку, оваа акција започна во 2009 година кога на овој принцип беше извршено калемење и облагородување на повеќе од 2000 круши – горници во Битолскиот дел од Мариово, потоа во 2010-2011 година во општина Чашка – Велес во атарот на селата Витанци, Оризари, Бусилци и населбата Чашка, каде исто така се изврши калемење на повеќе од 2000 круши – горници.Во 2012 година повторно се организираше во мариовскиот крај каде се искалемија нови калем стебла како и прочистување на веќе калемените во изминатите години. Основните цели кои дадоа поттик за започнување со ваков вид на акција беа: промоција на работата на АПРЗ во делот на давање на советодавни услуги од советниците со лозаро-овоштарска специјалност преку унапредување и остручување со практична обука за калемење на дивите круши; поддршка во развојот на природно органско производство во руралните средини; поддршка во зајакнување на меѓусебната комуникација и соработка помеѓу чинителите во аграрот; искористување и промовирање на можностите за рурален развој и еко-селски туризам во овој регион и сл.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна