Садење на компир

          Комппирот е осетлив на одгледување во монокултура, бидејќи го напаѓаат многу болести и штетници, доаѓа до намалување приносот. На иста површина не треба да се одгледува пред 3-4 години.

          Компирот најдобро успева на плодни и растресити почви. Не поднесува тешки, многу влажни и водонепропусливи почви. Почвата треба да биде без камења и крупен песок. Оптималната реакција на почвата треба да биде од 5,5-6,5.

          Основната обработка се извршува на есен на поголема длабочина. На почви со лоша структура, како и на наклонети поради ерозија, обработката се врши на пролет.

          Предсеидбената обработка се врши непосредно пред садењето на длабочина од 10-12 см, за да се создаде растресит површински слој, погоден за садење.

          За принос од 40 т/ха во просек треба да се внесат: 150 кг/ха азот, 160 кг/ха фосфор и 250 кг/ха калиум. Целокупната количина на фосфор и калиум и половина азот се внесува со основната обработка, а остатокот од азотот се користи за прихрана.

          Времето на садење зависи од климатските услови односно подрачјето. Рано пролетно садење доаѓа во предвид во потоплите јужни подрачја, а се врши во период од 15 февруари до 15 март. При производството на ран компир во предвид доаѓаат рани сорти кои се користат претежно за исхрана. Пролетното садење се врши во рамничарскиот-континентален дел и во планинските подрачја, од 15 април до 15 мај а произведениот компир служи за исхрана преку цела година или за преработка. Летното садење се врши од 15 јуни до 15 јули, кај нас слабо  се применува.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна