САДЕЊЕ НА ОВОШКИ

          Време на садење 

          Садењето на овошките го вршиме во време на мирување на вегетацијата, наесен или напролет. Подобро е садењето да се изврши рано наесен или ако го вршиме напролет да биде што порано.

          Садењето рано наесен има предност поради што, посадената садница има поволни услови за зацврстување во земјата и обнова на оштетениот коренов систем, земјата е сеуште топла и влажна, па одма почнува порастот на кореновиот систем, на местото на оштетувањата на кореновиот систем, раните зарастуваат, се развиваат калуси од кои се продолжува растот на нови коренчиња.

          Покрај тоа, земјата се слегнува над коренот со што се воспоставува добра допирна површина помеѓу честичките на почвата и површината на коренот, со што се ствараат услови за интензивен раст на коренот напролет, кореновиот систем добро се развива и е способен надземниот дел да го обезбедува со доволна количина на вода и хранливи материи.

          Поради сето наведено, засадените овошки наесен подобро се примаат и подобро и побрзо растат во текот на првата година по садењето.

          Раното пролетно садење подобро е од  т.н. касно пролетно садење. Касното пролетно садење има повеќе неповолни последици, пред сѐ, коренот не е припремен и не се развива доволно и неможе надземниот дел да го снабди со потребните количини на вода и хранливи материи, растот на надземниот дел почнува скоро во исто време како и растот на коренот…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна