Свиларка (Cuscuta spp.) во луцерката

          Свиларката е стален придружник на луцерката и црвената детелината. Се јавува на луцерката секаде каде на овој паразит не му се посветува доволно внимание. До колку не се превземат соответни мерки свиларката способна е за 3-4 години или некогаш за покус период, потполно да го компромитира производството на луцерката и црвената детелина. Свиларката се јавува и на шеќерната репа, морковот, кромидот а поретко на компирот, тутунот, сончогледот, грашокот, гравот, тиквите, пиперките и др.
          Свиларката е едногодишен ранопролетен плевел-паразит. Стеблото се издолжува во вид на конец, кој се разгранува и понатаму пак продолжува, по боја е жолто црвеникаво или портокалово. Целото стебло се испреплетува околу зељастото растение кое му служи како хранителка.
          Цветовите се ситни, розови или бели. Цвета и плодоноси од јули до октомври.
          Семето е ситно, неправилна сверично, со дијаметар од 0,8 до 1мм, по боја светлосиво до кафеаво. Семето ја задржува ртливоста и по минувањето низ органите за варење на животните. Ртливоста во почвата ја задржува 5-6 години. Рти кога ќе се најде над или при самата површина на почвата. Семето никнува во текот на април-мај, кога температурата во почвата достигнува 16-18оС. Од семето при ртење се развива еден бледожолт тенок конец. Кога ќе се прилепи за земјата конецот се подигнува со другиот крај, а при натамошниот пораст спирално се движи и така може да расте и да издржи неколку дена. Ако за тоа време доспее на стеблото и лисјата на растението се витка околу нив, пушта хаустории во спроводните садови на растението и со нив црпе готови асимилати. Покрај размножувањето со семе може да се размножува и вегетативно со откинати делови на стеблото.
          Во посевите на луцерката свиларката се препознава по жолтите огништа во кои растенијата заостануваат во порастот и на крај гинат. Овие огништа се зголемуваат и по неколку метри секоја година, и заради тоа во пoсевот се појавуваат оголени места.
          Основни мерки за борба против свиларката во луцерката е сеидба на чисто семе без присуство на семе од овој паразит и избор на површина која нее заплевена. Исто така, треба да се води сметка луцерката да не дојде на површина на која во последните една до две години е употребувано шталско ѓубре, особено ако тоа не било добро прегорено.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна