Сеидба на маслодајна репа

          Маслодајната репа ако добро се вкорени до настапувањето на ниските температури, во сува почва може да издрже до -15оС, а под снежна покривка до -25оС. Во влажна почва може да измрзне на -7 до -10оС.

          За нормален развој од големо значење е, да има доволно влага во пчвата за време на сеидбата, и подоцна во фаза на вкоренување. Не поднесува високи подземни води, како и задржување на вода во почвата во текот на зимата и раната пролет, бидејќи коренот гние.

          Во периодот на цветање и налевање на зрното, при недоволна влажност на воздухот, при суви и топли ветрови, се скратува цветањето, голем број цветови не се оплодуваат, а приносот на семе силно се намалува.

          Маслодајната репа најдобро успева на плодна и отцедна почва. На помалку плодна почва успешно се одгледува само ако добро се ѓубри со органски и минерални ѓубрива.  Не поднесува почви со кисела реакција, а најдобро успева на рН 6,6-7,6.

          Маслодајната репа треба да се одгледува во плодоред. Не треба да се одгледува во монокултура, бидеќи на тој начин постои опасност од зголемување на штетните инсекти и болести. Најдобри предкултури, се  раниот компир и раниот зеленчук, а потоа стрните жита.

          Основната обработка на почвата се изведува на длабочина до 30 см, во зависност од типот на почвата. По орањето треба да се затворат браздите и да се израмни површината, бидејќи со тоа се олеснува предсеидбената припрема.

          Со предсеидбената обработка површинскиот слој треба да биде максимално обезбеден со влага, и со таква структура што ќе овозможи ситното репино семе да се посее плитко, но во поволни услови.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна