Сеидба на озими јачмен

          Јачменот треба да се одгледува во плодоред. Треба да се избегнува сеидба  по стрни жита, како и сеидба по култури кои интензивно се ѓубрени со азот и тревно-легуминозни смески. Добри предкултури се раните окопни култури.

          Во пракса јачменот се сее на почви со послаба плодност, бидеќи неговиот генетски потенцијал за принос не е голем, а на такви почви дава подобри резултати отколку другите стрни жита.

          Основна обработка се изведува веднаш по прибирањето на предкултурата на длабочина  до 30 см. во зависност од типот на почвата и дали за предкултурата е извршено длабоко орање. Предсеидбената обработка мора да биде квалитетна со цел да се обезбеди добар сеидбен слој.

          По однос на ѓубрењето на јачменот треба да се внимава на количината на азот, поради помалата отпорност према полегнување. За сточниот јачмен се употребуваат следните количини на ѓубрива: 60-100 кг/ха азот, 50-80 кг/ха фосфор и 40-60 кг/ха калиум, а за пивскиот јачмен 40-80 кг/ха азот, 60-100 кг/ха фосфор и 80-120 кг/ха калиум. Целата количина на фосфор и калиум и 1/3 од азотот се внесуваат со основната обработка а остатокот од азотот се користи за прихранување.

          При сеидбата на јачменот треба да се почитува оптималниот рок на сеидба, бидејќи младите растенија издржуваат температура од -4 до -6оС а кога се израстени(братење) можат да издржат и -10 до -12оС. Оптималниот рок за сеидба на озимиот јачмен е првата половина на Октомври.

          Најдобро е сеидбата да се изврши со декларирано семе, со покрупна фракција, за добивање на повисок принос. Јачменот се сее со 300-500 ртливи зрна/м2, а најчесто околу 350-400 ртливи зрна/м2.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна