Средба помеѓу АПРЗ и Делегацијата на Европската Унија во РМ

          На 13.11.2013 година во просториите на дирекцијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството беше одржана работна средба помеѓу програмскиот менаџер за земјоделство и рурален развој при Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија г-динот Оливие Мас, директорот на Агенцијата г-динот Игор Златков и други претставници од Агенцијата.

          На оваа средба претставникот од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија беше запознаен со поставеноста, улогата, задачите и активностите на Агенцијата, пред сé во делот на реализација на советодавните услуги и информации кои Агенцијата ги доставува до земјоделските производители во Република Македонија, особено во насока на имплементација  на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во реализација на Владата на Република Македонија и ИПАРД Програмата.

          Средба помеѓу АПРЗ и Делегацијата на Европската Унија во РМ

          Во тој контекст, г-динот Мас ги потенцираше улогата и значењето на советодавниот сервис, со споредбени искуства за улогата и значењето на сличните советодавни сервиси кои функционираат и во земјите членки на Европската Унија.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна