Средба помеѓу АПРЗ и Твининг Проект од ЕУ

          Во рамките на третата експертска мисија за компонентата 3.1 од Твининг Проектот „Воведување на вкрстена сообразност во директните плаќања“ финансиран од Европската Унија, на 20.11.2013 година во дирекцијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството беше остварена работна средба помеѓу г-динот Heinrich Ruesseler постојан твининг советник, г-динот Karsten Giffey  и други претставници од проектот со директорот на Агенцијата г-динот Игор Златков и други претставници од Агенцијата.

          Средба помеѓу АПРЗ и Твининг Проект од ЕУ

          На средбата беа презентирани целите на проектот во насока на усогласување на законската рамка со правото на Европската Унија, развојот на човечки ресурси и технички капацитети и подигање на свеста за начелата на вкрстената сообразност.

          Притоа беше нагласена улогата на Агенцијата, како државен советодавен сервис во земјоделството, како непходен фактор при имплементација на начелата на вкрстената сообразност, како и воопшто улогата и значењето на советодавните сервиси во земјоделството во земјите членки на Европската Унија, како есенцијална алка во синџирот на вредности во областа на земјоделството.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна