Улогата на пчелите во опрашување на овошките

          Пчелите се одгледуваат заради нивните производи (мед, восок, цветен прав, прополис, отров, роеви и матици). Покрај користа што ја имаат пчеларите од пчелите, многу поголема е добивката што ја остваруваат земјоделците од пчелите, преку извршеното опрашување на овошките во време на нивното цветање.Пчелите за да  живеат, користат храна – нектар и цветен прав од цветовите на овошките, при што, истовремено го извршуваат опрашувањето.

          Нектарот како најинтересен за пчелите, е производ кој  го лачат жлездите сместени длабоко во цветот, при што, истите за да дојдат до него, мора да се вовлечат во цветот и со допирање на прашниците и толчникот да го извршуваат опрашувањето. Најголем дел од цветниците прилагодени  се на опрашување со  инсекти. Меѓу инсектите најзначајни опрашувачи се медоносните пчели кои извршуваат 85% од опрашувањето, а остатокот од 15% отпаѓа на други инсекти.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна