Управување со жетвени остатоци

          Во сите гранки на земјоделското производство после жетвата  остануваат корењата и надземните жетвени остатоци. Многу од жетвените остатоци како што се слама, пченкарница и остатоци  од други растителни видови, остануваат како споредни производи.

          Жетвените остатоци  како споредни производи можат да се икористат на повеќе начини: за сточна храна непосредно или преработена, како простирка во сточарството, како суровина за добивање целулоза, хартија и др, за спремање на компост или дирекно вклучување во процесот на користење на органската материја со заорување во почвата.

          Количината на жетвени остатоци во растителното производство зависи од растителнит вид, сортата, како и од временските услови во поедини години. Кај озимата пченица количината на слама е од 3-7 т/ха, кај пченката 8-12 т/ха, кај сончогледот 3-6 т/ха и т.н.

          Ако жетвените остатоци не се однесат од нивата, тие представуваат реален вишок на производ на нивата, и треба на некој начин да се ослободи површината за благовремена обработка на почвата за следната сеидба.

          Палењето на жетвените остатоци представува губење на органска материја и азот. Освен губење на органска материја , огнот ги уништува микроорганизмите, го загрозува дивечот, ја загадува средината и представува голема опасност заради можност од неконтролирано ширење на пожари.

          Палењето на растителните остатоци на обработливите површини после жетвата, според постоечките законски прописи е забрането, освен во случај заради спречување на ширењето или уништувањето на штетни организми, кога за тоа постои службена наредба за палење, или во случај на палење на растителни остатоци од плевели.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна