Хранење на козите пред припустот

          Козата  е сезонски  полиестрично  животно, што знзчи дека се пари во одреден период од годината, ( од Август до Декември ), во период кога дневната светлина е намалена, а со тоа е темпирано времето на јарење во период кога почнува вегетацијата.

          На козата не и треба многу храна, но таа треба да е квалитетна. Козата како и другите животни го наследуваат својот генетски потенцијал за производство на млеко,месо или јариња само ако ги имаат добиено сите потребни хранливи материи во потребните количини во (дажбата) оброкот.

          Козата е позната по својот темперамент.Тие се животни кои одат, се качуваат,скокаат во барање и одбирање на храна која им овозможува да преживеат и во сушни услови на исхрана своите потреби ги надополнува во шталата со додавање на концентрат.

          Кога имаат на располагање разновидна храна тие ја одбираат нај квалитетната и го изедначуваат оброкот во понудената вегетација и поради високата селективност можат да остават 50% од понудената храна не искористена. Козата ги сака скоро сите типови на растенија но нјповеќе ги сака грмушките и младите гранчиња.

          Успешна репродукција кај козите во услови на оскудна исхрана, бара додатна количина на енергија во време на парење и во последните два месеци од бременоста.

          Енергетската потреба  на плодот во првите три месеци на бременоста се занемарливи т.е. козата се храни на разни одржни потреби во првата половина од четвртиот месец тие потреби се зголемуваат и за 15%.

          Пашата и брестењето  се нај ефтината и нај природна храна за козите. Природните пасишта покриени со разновидни растенија се добар извор за хранливите материи. На добро пасиште козата подмирува и до 60% од потребните материи во текот на летото, и 35%  во текот на зимата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна