Чување на органски зеленчук

          Зеленчукот содржи висока количина на вода, поради кое после берба дехидрира и се намалува квалитетот. Со правилно чување се намалуваат промените и губитоците и се одржува квалитетот.

          Основната цел на органското производство на зеленчук е подолга потрошувачка на истиот во свежа состојба, што значи и потреба за квалитетно и долго чување.

          • Биолошки чувањето овозможува долг период на потрошувачка на органски зеленчук во свежа состојба како основа за рационална исхрана.
          • Економски, помалите загуби значат подолго чување, но и можност зеленчукот да се пласира на пазарот кога цената е висока ( зима, крај на пролет ).

          Не е важно само да се произведе зеленчукот, туку и квалитетно да се сочува во свежа состојба !

          Зреење и берба на зеленчук

          Зрелоста за време на бербата е еден од најважните фактори за одредување на квалитетот и должината на животот во текот на складирањето на зеленчукот.

          • Степенот на зрелост во моментот на берба влијае на хемискиот квалитет на зеленчукот.
          • Поради доцна берба може да се загуби 30- 50 % од вкупната количина на зеленчукот.

          Зеленчукот се чува подобро ако бербата се спроведува во оптимална зрелост.

          Прегледајте го целесниот текст во пдф на следниот линк.

          👉  Чување на органски зеленчук.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна