Ѓубрење на виновата лоза со азотни ѓубрива (втора прихрана)

          Редовното ѓубрење е еден од најзначајните фактори за растење, развој и плодоносење на виновата лоза. При ѓубрењето предност им се дава на минералните ѓубрива, особено на азотните, калиевите, фосфорните и мешаните, но не е исклучена и употребата на органски ѓубрива, со цел,  подобрување на структурата и зголемување  содржината на хумус во почвата.

          Од количината на азот во почвата зависи бујноста, односно растењето и развојот на виновата лоза. До колку лозата е обезбедена со доволна количина од овој елемент, истата е побујна и со темно зелена  боја на лисјето, наспроти тоа, во недостиг на азот, лисјата добиваат светло зелена боја, помал е порастот на ластарите, цветовите опаѓаат, а гроздовите се реулават.

          Ѓубрењето, односно прихраната со азот на лозата се врши во два, а понекогаш и во три наврати.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна