ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014- 2020 за следните мерки:

          Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.

          Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

          Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 јануари 2019 година.

          Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна