Јавна расправа ЕУ фондови, ИПАРД 2014 -2020

          На 30.09.2014 година во дебатната сала при Владата на Република Македонија со почеток во 11 часот ќе се оддржи јавна расправа за програмскиот документ за ЕУ инструментот за поддршка на земјоделството и руралниот развој – ИПАРД 2014 – 2020.

          Целта на јавната расправа е да се добијат предлози, коментари и ставови, во насока на изготвување на програмски документ кој содејствува на потребите и условите на македонското земјоделство и руралните средини за постигнување на подобра искористеност на предвидените ЕУ фондови.

          На јавната расправа се поканети сите релевантни институции од областа на земјоделството и руралниот развој: Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство, факултетите од областа на земјоделството, земјоделските институти, организации на земјоделци и преработувачки капацитети и др.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна