АИСБЕРГ (AISBERG) салата

          Салатата спаѓа во групата на растенија со многу краток период на вегетација. Може да се произведува на различни начини и во сите периоди:  рано производство во пластеници, летно производство и  есенско-зимско производство (заштитен простор),

          Во однос на технологијата на производство спаѓа во групата на зеленчуци кои се одгледуваат на пониски температури. Оптимална температура на поникнување е 18оС, а после тоа температурата се намалува на 12-15оС. На пониски температури (5-10ОС),вегатацијата може да трае и до 90 дена после расадувањето, а на повисоки температури  од 25-30оС, вегетацијата се скратува и до 20 дена од расадувањето.

          АИСБЕРГ салатата е растение на долг ден, и за формирање на густа розета односно цврста главица бара доста светлина. Новите селекционирани сорти на аисберг салата поднесуваат послабо осветлување и пократок ден, поточно услови какви што се во текот во зимскиот период.

          Многу важно е при изборот да се внимава која сорта треба да се произведува, бидејки ако се работи за сорта на долг ден, а се одгледива во периоди со слабо осветлување и краток ден, може да дојде до предвремено цветање и неформирање на цврста глава а со тоа и големи загуби во пеоизводството.

          Аисберг салатата не бара големи количини на вода за одгледување, и секогаш  е да има постојана и умерена влажност. Високата релативна влажност на воздухот преку 80%, може да предизвика појава на разни болести па затоа е потребно  преветрување.

          Бара лесни песокливи и пропусливи почви. Од големо значење е да биде почвата обезбедена со храна во површинскиот дел поради краткиот дел на вегетација.

          Семето на аисберг салатата се сее на длабочина од 10 мм. во палети, а са расадува на стално место на растојание 30х30 см. или 9-10 растенија во м2.

          Основната обработка е од големо значење на аисберг салатата. Аисберг салатата како и другите типови на салати бара длабока обработка на почвата, која има за задача потполно да ги отстрани растителните остатоци од предходната култура. Пред сеидбата површината во пластеникот мора да биде изравнета, а потоа добро да се исфрезира.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна