Воведување на ново работно време во АПРЗ

          Од 23.12.2013 година, па сé до крајот на месец февруари 2014 година, се реализира новиот проект на Владата на Република Македонија „Отворени денови во земјоделството и руралниот развој“ со учество на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и  за поттикнување на развојот на земјоделството, кој е резултат на соработката со земјоделците во изминатиот период и со бизнис секторот, а е со цел во овој период, да се остварат интензивни посети на општините во Република Македонија и средби со земјоделците, каде ќе се дискутира за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за можностите кои се нудат преку нив.

          Затоа, за времетраење на проектот, со цел поголема достапност до советниците од АПРЗ за земјоделците и сите заинтересирани, се воведува двосменско работење и дежурства за време на викендите – саботи и недели, и тоа:

             ·         Прва смена – претпладне, од 8:30 до 16:30 часот и

             ·         Втора смена – попладне, од 12:00 до 20:00 часот.

             ·         Сменското работење важи и за дежурствата за време на викенд

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна