Голем интерес кај земјоделците за програмата за рурален развој

          Огромен интерес од страна на земјоделците за националната програма за рурален развој позната како 50 – 50. До крајот на август кога и заврши рокот за поднесување на барања за искористување на некоја од мерките од оваа програма пристигнале близу 1500 апликации,  што е  скоро тројно повеќе во однос на минатата година кога биле поднесени околу  600 барања. Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Игор Златков вели дека земјоделските производители аплицираат за сите мерки, а зголемениот интерес бил резултат на поволните услови кои ги нуди програмата.

          ,, Поволните услови што се даваат со националната програма, тоа е 50 до 75%  повраток на инвестиција, што значи ако една земјоделска механизација или машина вреди десет илјади евра, меѓу 5 и 7500  евра ќе  бидат вратени до земјоделецот.,, вели Игор Златков – директор на АПРЗ

          Годинава апликации пристигнале од цела Македонија, но најголем интерес  за искористување на средствата од националната програма покажале земјоделците од Пелагонискиот и Југоисточниот дел на државата кои биле заинтересирани за нова земјоделска механизација и набавка на нови грла добиток.

          ,, Како региони кои што најмногу аплицираат се Пелагонија, потоа Југоисточна Македонија, односно струмичко со дел од Радовиш, на трето место е Североисточна Македонија, а најслаб пример околу поднесување на апликации е Северозападна Македонија, таму имаме проблем со нерешени имотно правни односи.,, вели Златков

          Освен за националната расте интересот и за  средствата од ИПАРД програмата во која се бележи зголемување за близу  300%.  Зголемената промоција, олеснетите услови и можноста за повраток на средствата помеѓу 50 до 75% направиле бројот од  200 барања за двата повика во 2014, годинава да се искачи на 802  барања само во првиот повик. Очекувањата се дека овој број во вториот повик ќе биде дуплиран.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна