Гоџи-Бери одгледување

          Растението Гоџи бери  потекнува од Тибет од фамилијата Lycium barbarum и се смета за храна и лек за долг живот. Се нарекува уште и „црвен дијамант“ во медицината, „среќна бобинка“, „волчја бобинка“. Се смета за природен лек за ревитализација на општото здравје на организмот. Истражувањата потврдија дека Гоџи плодовите содржат 18 аминокиселини кои се неопходни за организмот, 21 минерал, многу витамини, аминокиселини и останати состојки кои се потребни за зајакнување на имунитетот на организмот, кој е предуслов за здрав и долг живот на човекот.

          Оваа култура расте од 1 до 3 метри висина, плодот е со црвенкаста боја со должина до 2 сантиметри и содржи од 20 до 40 ситни семки. Се консумираат сурови или сушени, а   најпопуларни се поради своите антиоксидативни својства.

          Она што е значајно за одгледувањето на ова растение е фактот што е отпорно на болести и штетници, но го напаѓаат габични заболубања на листовите и плодовите. Превентивно се заштитува слично како виновата лоза, со бакарни препарати и со црвено масло пред почетокот на вегетацијата. Одредени штети може да предизвикаат зајаците и птиците и се препорачува употреба на мрежи за заштита од птици.

          Специјалист по земјоделски науки
          Билјана Ѓорческа

          Еден одговор на Гоџи-Бери одгледување

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна