Денови на македонското пчеларство во Битола

          Секоја година во овој период се одржува традиционалната манифестација ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ПЧЕЛАРСТВО во Битола. Оваа манифестација е од огромно значење за поттикнување на развојот на пчеларството во државата и основа за развој на повеќе семејни стопанства кои се занимаават или планираат да се занимаваат со производство на мед и пчелни производи.

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството дава огромна поддршка на ваквите настани и е една  од клучните фактори за развој на пчеларството. Во моментот е активен повик од ИПАРД програмата за мерка 7, во која АПРЗ зема активно учество  за спроведување, во која може да конкурираат сите оние кои одгледуваат пчели или планираат да одгледуваат пчели. Пчеларството во нашата држава има одлични услови, природни и институционални и се очекува во најскоро време пчеларството да биде една од клучните гранки во земјоделското производство.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна