Дневни потреби од вода кај молзни крави

          Водата е неопходна за да се одвиваат  физиолошките функции на организмот. Недостатокот од вода ги загрозува производството на млеко, прирастот, а влијае и на целокупната здравствената состојба кај животните. За успешно производство на млеко неопходно е на кравите да им се обезбеди доволна количина на квалитетна вода. Кај кравите во лактација потребите од вода се многу големи.

          Тие зависат од телесната маса, возраста и физиолошката состојба на единката, потоа од висината на млекопродукцијата, како и од амбиенталните услови во фармата. 

                   Во организмот на кравите водата се користи за:

          • обезбедување на нормален метаболизам во бурагот,
          • проток на храната низ дигестивниот тракт,
          • варење и апсорпција на хранливите материи,
          • одржување на нормална густина во крвта,
          • задоволување на потребите на клеточната течност.

          За секој литар произведено млеко на кравата и се потребни 4.5 до 5 литри вода. Кон оваа пресметка треба да се вклучи и водата која е застапена во храната. Ако конзумирањето на вода отстапува за 15 – 20 % треба да се третира коко проблем. Со зголемувањето на температурите и потребите за вода се зголемуваат.

          Прегледајте го целесниот текст во пдф на следниот линк. 

          👉  Дневни потреби од вода кај молзни крави.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна