Добра хигиенска пракса

          1.1  Вовед

          Во тек на производството, процесирањето, припремата, услугата и транспортот, храната може да биде изложена на биолошки, хемиски и физички опасности кои може да предизвикаат негативни здравствени ефекти врз луѓето.

          Неправилната манипулација со храната, непочитување на барањата за определена температура и време, овозможува преживување и размножување на микроорганизми и токсини. Ако човек ја користи храната која е контаминирана со поголем број на бактерии, вируси, паразити, мувла или токсини, лесно заболува.

          За да се заштитиме, мораме при манипулација со храната, да ги почитуваме правилата на Добра Хигиенска Пракса.

          Примена на правилата на ДХП е важна при превенцијата на ширењето на болести предизвикани од храна, исто и при применување на рокот на употреба на храната.

          Анализите за причините на појавата на заразните болести предизвикани од храната, покажуваат дека тие се појавуваат поради тоа што:

          – Храната била контаминирана со микроорганизми
          – Постапките при работа со храната го овозможиле размножувањето на  микроорганизмите
          – За поголем дел од храната, бројот на микроорганизми не бил намален доволно

          Постапките на добра ДХП се темелат на основните принципи:

          – Да се оневозможи или намали контаминацијата со несакани микроорганизми
          – Да се оневозможи или намали ширењето на несакани микроорганизми
          – Да се оневозможи  размножување на микроорганизми
          – Да се оневозможи недозволено преживување на микроорганизми

          1.2 Околина и објекти

          Просторот во кој се чува  храната мора да биде чист, без чад, без прашина, објективно без мирис и други загадувачи.

          Пристапот до објектот мора да биде прописно изведен така да манипулацијата со храна не предизвикува прашина.

          Објектот каде се допремува храната, припрема, термички обработува или замрзнува, мора да биде технички проектиран, правилно изведен и опремен.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна