Доделување на сертификат ИСО 9001:2008 на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството

  • Доделување на сертификат ИСО 9001:2008 на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството

TÜV Austria со седиште во Виена, е водечка светска организација на подрачјето на контролата, испитувањата, сертификацијата и независната логистичка поддршка на светската економија. Основана е 1872 година, и со својата меѓународна мрежа делува во повеќето земји во светот.

Доделувањето на ISO 9001 сертификатот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од страна на компанијата TÜV Austria, е само почеток на соработката и основа за нови успеси, за понатамошен напредок и полесна реализација на следните сертификати.

Добиениот сертификат за Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството значи градење добар имиџ на институцијата особено имајќи ја во предвид улогата што Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја има во процесот на имплементација на советодавни услуги за користење на подобрени земјоделски технологии, менаџмент практики и информации врз основа на специфициран систем  на податоци, следејќи ги промените во глобалната економија.

Овој чекор е силен напредок и претставува пример за сите останати државни институции како во иднина треба системски да пристапат во надградувањето на капацитетите на кадарот, како и на процесите на севкупното работење.

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна