Започнаа отворените денови со земјоделците

          Во рамките на отворените денови со земјоделците заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски денеска ја посети општина Могила. Во текот на еден месец стручни тимови составени од претставници од  Министерството за земјоделство, АПРЗ и агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој ќе посетат 102 населени места во цела држава. Земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

          Денеска започнуваат отворените денови со земјоделците, проект што го реализираат заедно Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, АПРЗ и АФПРРЗ.  Намерата е во период од 30 дена, односно од денеска до 13 септември да посетиме 102 населени места при што стручни тимови од Министерството и од двете агенции ќе ги посетат земјоделците во секое населено место, изјави заменик Министер за земјоделство Ванчо Костадиновски при денешната посета на општина Могила.

          За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Стручните тимови ќе ги презентираат можностите на ИПАРД – програмата како и Националната програма што веќе се во тек.

          Ваквите активности се од големо значење за земјоделците од општина Могила. Досегашното искуство покажува дека 50% од вкупните апликанти на понудените програми за подршка на зејоделците , се токму од општина Могила, информираше градоначалникот Стево Пивковски

          Проектот отворени денови ќе трае еден месец до 13 септември.

          2 Одговори на Започнаа отворените денови со земјоделците

          1. Me интересира дали е планирана посета на село Негорци, општина Гевгелија и кога ќе се реализира истата?
            Однапред благодарна на одговорот.

          Остави одговор на aprz Откажи

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна